Maтеј 25:7-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. Девојките станале и почнале да ги подготвуваат своите ламби.

8. Тогаш глупавите им рекле на мудрите: ,Дајте ни од вашето масло за горење, зашто ламбите ни гаснат!‘

9. Но мудрите им одговориле: ,Немаме доволно масло и за вас и за нас; затоа, појдете кај трговците и купете си!‘

10. Додека тие отишле да купат масло, младоженецот пристигнал. Тие што биле подготвени, влегле со него на свадбата, по што вратата била затворена.

11. Подоцна пристигнале и другите девојки и почнале да викаат: ,Господине! Господине! Отвори ни!‘

Maтеј 25