Maтеј 25:17-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. Исто така и оној што добил две илјади златници спечалил уште две илјади.

18. А слугата што добил илјада златници ги скрил златниците на неговиот господар, закопувајќи ги вземи.

19. По подолго време господарот на слугите се вратил и ги повикал да му положат сметка.

20. Дошол оној што беше примил пет илјади златници, донесол уште други пет илјади и рекол: ,Господару, ти ми довери пет илјади златници; еве, со нив спечалив уште пет илјади‘

21. ,Одлично!‘ му одговорил господарот. ,Ти се покажа како добар и верен работник. Ја оправда довербата над она малку што ти го доверив; затоа сега ќе ти предадам многу повеќе. Влези и придружи се на веселбата што ја приредува твојот господар!‘

22. Потоа пристапил и оној што беше добил две илјади златници и рекол: ,Господару, ти ми довери две илјади златници; еве, со нив спечалив уште две илјади‘

Maтеј 25