Maтеј 24:7-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. Народите ќе војуваат едни против други, и држави против други држави. Глад и земјотреси ќе погодат многу места.

8. Сето ова ќе биде само како почеток на породилни болки!“

9. „Тогаш вас ќе ве апсат, ќе ве казнуваат и ќе ве убиваат. Поради верата во Мене, по целиот свет ќе ве мразат.

10. Во тоа време мнозина ќе се откажат од верата во Мене; едни други ќе се издаваат и меѓусебно ќе се мразат.

11. Ќе се појават и многу лажни пророци и ќе заведат мнозина.

12. Грешноста ќе земе таков замав, што љубовта меѓу луѓето ќе станува си постудена.

13. Но тој што докрај ќе се одржи, ќе се спаси.

14. А Радосната вест за небесното царство ќе се проповеда по целиот свет, за да ја чујат сите народи. Тогаш ќе дојде крајот.“

Maтеј 24