Maтеј 24:24-28 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

24. Зашто, ќе се појават лажни месии и лажни пророци и ќе изведат големи знаци и чуда, обидувајќи се да ги измамат избраните од Бога, ако е можно.

25. Еве, однапред ви кажав.

26. Значи, ако ви речат: ,Ене Го Месијата во пустината!‘ не одете таму; или: ,Еве Го, се крие овде!‘ не верувајте им!

27. Зашто, Синот Човечки ќе дојде како молскавица што ќе болсне на исток и веднаш ќе се види на запад!

28. Каде што е мршата, таму ќе се соберат и мршојадците.“

Maтеј 24