Maтеј 22:4-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. Повторно испраќа други слуги да им порачаат на поканетите: ,Гозбата е приготвена, јунците и телињата се заклани, си е готово, повелете на свадбата!‘

5. Меѓутоа, поканетите не сакаат да чујат, туку си заминуваат, кој на нива, кој на пазар.

6. Некои од нив дури ги тепаат слугите и ги убиваат.

7. Тогаш царот се налутува и испраќа војска да ги погуби убијците и да им го запали градот.

8. Потоа ги повикува своите слуги и им вели: ,Гозбата е приготвена, но поканетите не се покажаа достојни.

Maтеј 22