Maтеј 21:17-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. Тогаш Исус ги остави и излегувајќи од градот дојде во Бетанија, каде што и ноќеваше.

18. Рано утредента, на враќањето во Ерусалим, Исус огладне.

19. Забележувајќи една смоква покрај патот, се доближи, но бидејќи на неа најде само лисје, ја проколна, велејќи: „Род да нема на тебе довека!“ И смоквата веднаш се исуши.

20. Вчудовидени од оваа глетка, учениците Го прашаа: „Како можеше смоквата наеднаш да се исуши?“

21. А Исус им одговори: „Ве уверувам дека, доколку имате вера и не се сомневате, не само што ќе можете да го правите тоа што ђ се случи на смоквата, туку, ако и на оваа планина ђ речете: ,Подигни се и фрли се в море!‘ тоа ќе се случи!

22. Ако верувате, ќе добиете си што ќе побарате преку молитва.“

Maтеј 21