Maтеј 20:10-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

10. Кога дојдоа на ред првите мислеа дека ќе добијат повеќе, но и тие добија по една надница.

11. Штом ги примија парите, тие почнаа да мрморат против господарот, велејќи:

12. ,Овие последниве работеа само еден час, а ти ги израмни со нас, кои се мачевме цел ден на жегата!‘

13. Обраќајќи му се на еден од нив, тој му рече: ,Пријателе, јас тебе не те оштетив. Зар не се погодивме за надницата?

14. Земи си ја и оди си! А јас сакам да му платам на последниот колку и тебе;

Maтеј 20