Maтеј 2:9-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

9. Откако го ислушаа царот, тие тргнаа на пат. И ете, ѕвездата што ја беа виделе на Исток одново се појави и ги водеше си до местото каде што се наоѓаше Детето.

10. Кога видоа дека ѕвездата запре, тие бликнаа од радост!

11. Влегувајќи во куќата, Го видоа Детето и мајка Му Марија, па паднаа ничкум и Му се поклонија. Потоа, ги отворија своите ковчежиња и Го даруваа со злато, со ливан и со смирна.

12. Потоа тие си заминаа за својата земја по друг пат, откако Бог насон ги предупреди да не се враќаат кај Ирод.

Maтеј 2