Maтеј 19:10-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

10. Неговите ученици Му рекоа: „Ако е таква обврската меѓу мажот и жената, тогаш подобро е човек да не се жени!“

11. А Исус им рече: „Тоа можат да го прифатат само оние што Бог ги оспособил да живеат сами.

12. Зашто, има разни причини поради кои некои луѓе не се женат: едни се по природа евнуси, други се направени евнуси од луѓе, а трети се откажуваат од стапување во брак за да се посветат на работа за небесното царство. Кој може да го прифати ова учење нека го прифати.“

13. Некои луѓе ги носеа своите дечиња кај Исус за да ги положи рацете над нив и да се моли за нив. Учениците, пак, ги одвраќаа,

Maтеј 19