13. Па кога ќе ја најде, сигурно ќе ђ се радува повеќе отколку на деведесет и деветте кои не се загубиле!
14. Така ни вашиот небесен Татко не сака да се загуби ниедна душа, макар и од овие најмалечкиве.“
15. „Ако некој христијанин ти згреши, појди кај него и укажи му ја грешката насамо. Ако те послуша повторно си го придобил како свој ближен.
16. Ако не те послуша, појди кај него со уште еден или двајца сведоци, за да биде утврдена секоја изјава пред двајца или тројца сведоци.
17. Ако тој и нив не ги послуша, тогаш изнеси ја целата работа пред црквата. Доколку тој и црквата не ја послуша, тогаш однесувај се спрема него како спрема неверник или како спрема собирач на данок.“