Maтеј 17:8-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

8. Кога тие ги кренаа своите погледи, Го видоа само Исус и никој друг.

9. Додека слегуваа од планината, Исус им нареди: „Не кажувајте му никому за ова што го видовте, си додека Јас, Синот Човечки, не воскреснам од мртвите.“

10. Тогаш учениците Го прашаа: „Зошто вероучителите велат дека пред да дојде Месијата, повторно ќе се појави пророкот Илија?“

11. „Секако“ им одговори Исус. „Најпрво треба да дојде Илија и да подготви си.

12. Но Јас ви кажувам дека Илија веќе дојде, а тие не го познаа и му го направија тоа што го сакаа. Така ќе мора да настрада од нив и Синот Човечки.“

13. Тогаш им стана јасно дека Исус им говореше за Јован Крстител.

14. Кога се вратија меѓу народот, на Исус Му пријде еден човек, клекна на колена,

15. и Му рече: „Господе, имај милост за син ми, зашто добива епилептични напади и многу се мачи; честопати паѓа де во оган де во вода.

16. Го носев кај Твоите ученици, но тие не можеа да го излекуваат.“

17. А Исус, во одговор рече: „О, тврдоглав и неверен народе! До кога ќе морам да останам со вас и да ве поднесувам? Донесете Ми го момчето!“

18. Потоа со заповед го избрка демонскиот дух од него и во истиот миг момчето оздраве.

19. Подоцна Му пријдоа насамо Неговите ученици и Го прашаа: „Зошто не можевме ние да го избркаме демонскиот дух?“

Maтеј 17