Maтеј 15:18-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

18. А зборовите што се изговараат низ устата и делата што излегуваат од срцето можат да го опоганат човекот.

19. Зашто, злите планови, убиствата, прељубите, блудствата, кражбите, лагите и пцостите произлегуваат од срцето на човекот.

20. Тие работи го поганат човекот, а не непочитувањето на ритуалното миење на рацете!“

21. Заминувајќи од Галилеја, Исус се повлече на север, во пределот на градовите Тир и Сидон.

22. Една жена, Хананејка, која живееше таму, дојде кај Него и наеднаш извика: „Имај милост спрема мене, Господе, Сине Давидов! Ќерка ми ја измачуваат демонски духови!“

Maтеј 15