46. кога ќе го најде, тој оди и продава си што има и го купува.“
47. „Понатаму, небесното царство може да се спореди со голема рибарска мрежа што се фрла в море, при што зафаќа секаков вид риби.
48. Кога мрежата ќе се наполни, ја извлекуваат на брегот, седнуваат, и добрите риби ги издвојуваат во кошеви, а лошите ги фрлаат.
49. Така ќе биде и на крајот на светот: ќе излезат ангелите, ќе ги издвојат грешниците од праведниците,
50. и ќе ги фрлат во огнена печка, каде што ќе има пискоти и крцкање со заби.“
51. „Го разбравте ли сето ова?“ ги запраша Исус. „Да!“ Му одговорија тие.
52. А Тој им рече: „Тогаш, секој вероучител којшто станал ученик на небесното царство може да се спореди со домаќин кој од своите ризници ќе може да извади и ново и старо.“
53. Штом Исус заврши со изложувањето на споредбите, си замина оттаму,
54. и се врати во Назарет своето поранешно живеалиште, каде што го поучуваше народот по синагогите. Сите што Го слушаа се чудеа и говореа: „Каде се стекнал овој човек со олкава мудрост и моќ да прави чуда?