Maтеј 13:40-47 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

40. Како што каколот се собира и се фрла в оган, така ќе биде и на крајот на светот.

41. Јас, Синот Човечки, ќе ги испратам Своите ангели да ги соберат сите оние кои поттикнуваат на грев и сите злосторници;

42. тие ќе ги фрлат во огнена печка, каде што ќе има пискоти и крцкање со заби.

43. Тогаш праведниците ќе заблескаат како сонца во царството на Својот небесен Татко. Кој има уши, нека слуша!“

44. „Небесното царство може да се спореди со богатство скриено во нива. Човекот што ќе го пронајде повторно го закопува и сиот радосен оди и продава си што поседува и ја купува таа нива.“

45. „Понатаму, небесното царство може да се спореди со трговец што трага по најскапоцениот бисер;

46. кога ќе го најде, тој оди и продава си што има и го купува.“

47. „Понатаму, небесното царство може да се спореди со голема рибарска мрежа што се фрла в море, при што зафаќа секаков вид риби.

Maтеј 13