35. Со тоа се исполнуваа Божјите зборови претскажани преку пророкот: „Ќе им говорам преку споредби, ќе им ги објавам тајните што беа скриени од создавањето на светот.“
36. Тогаш Исус го пушти народот да се разотиде, а Тој се врати дома. Таму Му пристапија Неговите ученици и Му рекоа: „Објасни ни ја споредбата за каколот на нивата.“
37. Исус им одговори: „Човекот што сее чисто семе сум Јас, Синот Човечки.
38. Нивата го претставува светот. Чистото семе ги претставува следбениците на Божјото царство. Каколот ги претставува следбениците на Ѓаволот.
39. Непријателот што го сее каколот е Ѓаволот. Жетвата е крајот на светот, а жетвари се ангелите.
40. Како што каколот се собира и се фрла в оган, така ќе биде и на крајот на светот.
41. Јас, Синот Човечки, ќе ги испратам Своите ангели да ги соберат сите оние кои поттикнуваат на грев и сите злосторници;