Maтеј 12:11-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

11. А Тој им одговори: „ Ако некој од вас има само една овца и таа му падне в јама во саботен ден, нема ли да посегне и да ја извади?

12. А колку поскапоцен од овца е човекот! Според тоа, да се прави добро во сабота е во целосна согласност со Божјиот Закон.“

13. Тогаш му се обрати на човекот: „Испружи си ја раката!“ Тој ја испружи заболената рака и таа му стана здрава како и другата.

14. А фарисеите излегоа и почнаа да подготвуваат заговор да Го убијат Исуса.

15. Кога дозна за тоа, Исус си замина оттаму, следен од толпа народ. Тој ги исцелуваше сите болни меѓу нив,

Maтеј 12