24. Но, ти велам, на Судниот ден ќе му биде полесно на градот Содом, отколку тебе!“
25. Во тој момент Исус рече: „Те славам, Татко, Господару на небото и на Земјата, што им го откриваш на скромните она што си го скрил од оние кои се сметаат себе за мудри и учени.
26. Да, Татко, зашто така сакаше Ти.“
27. „Мојот Татко Ме има овластено Мене за си. Никој друг не Го познава Синот, освен Таткото, и никој друг не Го познава Таткото, освен Синот и оние на кои Синот сака да им Го објави.“
28. „Дојдете кај Мене сите вие кои сте изморени и натоварени со тешки бремиња, Јас ќе ве одморам!
29. Земете го Мојот јарем на себе и дозволете Ми да ве научам, бидејќи Јас сум со нежен и кроток дух, и тогаш вашите души ќе се успокојат.
30. Јаремот Мој е лесен, како што е лесен и товарот што ви го давам.“