Марко 9:34-37 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

34. Тие молчеа, бидејќи расправијата беше околу тоа, кој од нив е најважен.

35. Седнувајќи, Исус ги повика дванаесеттемина Свои ученици да се соберат околу Него, па им рече: „Тој што сака почесно место меѓу вас, треба да им биде како слуга на сите!“

36. Потоа Исус повика едно дете, го исправи пред нив, го гушна и рече:

37. „Секој што во Мое име ќе прифати едно од овие деца, Ме прифаќа Мене. Прифаќајќи Ме Мене, Го прифаќа и Оној што Ме испрати.“

Марко 9