Марко 7:5-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

5. Затоа, фарисеите и вероучителите Го прашаа Исуса: „Зошто Твоите следбеници не постапуваат според преданијата од старите и седнуваат да јадат без ритуално да си ги измијат рацете?“

6. Исус им одговори: „Лицемери! Убаво рекол за вас Бог, преку пророкот Исаија: ,Овој народ Ме почитува со устата, но срцето му е далеку од Мене!

7. Се залажуваат дека Ме почитуваат, а всушност ги шират своите човечки обичаи како да се Мои заповеди!‘

8. Вие ги оставивте Божјите заповеди, а ги чувате човечките преданија!

9. Лукаво ги укинувате Божјите заповеди за да ги чувате своите преданија!

Марко 7