Марко 6:4-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. Затоа Исус им рече: „Пророкот добива признание отсекаде, освен од својот град, од своите роднини и од своето семејство!“

5. Таму не можеше да направи многу чуда, освен што исцели неколку болни, допирајќи ги со Своите раце.

6. Остана изненаден од нивната неверба. Исус одеше по околните села и поучуваше.

7. Потоа ги повика Дванаесетте апостоли и ги испрати по двајца, давајќи им моќ да изгонуваат демонски духови.

8. Им ги даде следниве упатства: „Патувајте само со стап во рацете. Не носете со себе ни храна, ни торба, ни пари.

9. Носете сандали, но не и резервна облека.

Марко 6