Марко 6:20-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

20. Ирод, пак, се плашеше од Јован и го заштитуваше, бидејќи знаеше дека тој е праведен и богопосветен човек. Иако Ирод често беше вознемирен од она што го зборуваше Јован, сепак честопати и со задоволство го слушаше.

21. Но Иродијада начека погоден момент кога Ирод приреди свечен прием по повод својот роденден и ги покани своите високи службеници, воени старешини и видни личности од покраината Галилеја.

22. Тогаш влезе ќерката на Иродијада и танцуваше пред Ирод и неговите гости. Сите беа одушевени и Ирод и рече: „Ќе ти дадам сe што ќе посакаш!

23. Ти ветувам пред сите дека, ако посакаш и половина од моето царство, ќе ти го дадам!“

Марко 6