Марко 5:26-28 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

26. Се намачила одејќи по лекари на кои го потрошила сиот свој имот, но напразно - состојбата уште повеќе и се влошувала.

27. Оваа жена слушала што се зборува за Исус. Крадешкум, таа се доближи до Исус одзади и се допре до Неговата облека.

28. Зашто, во себе си велеше: „Само да се допрам до Неговата облека - ќе оздравам!“

Марко 5