Марко 4:8-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

8. Конечно, дел од семето падна на плодна почва каде што изникна, порасна и донесе род: едно стебло роди триесет, друго шеесет, а трето - сто зрна.“

9. Потоа Исус заклучи: „Ако имате уши - слушајте внимателно!“

10. Кога Исус беше насамо со Своите дванаесет апостоли и со уште некои следбеници, тие Го прашаа за причината поради која Тој се служи со споредби.

Марко 4