Марко 4:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Покрај брегот на Галилејското Езеро, Исус уште еднаш почна да го поучува народот. Се беше собрал толку многу народ, што Тој мораше да се качи на едно рибарско бротче и оттаму да му зборува на народот кој стоеше на брегот.

2. За многу работи ги учеше, користејќи се со споредби. Во една од нив им упати ваква порака:

3. „Слушајте го ова: Еден сејач излезе да сее на својата нива.

4. Сеејќи така, дел од семето падна на тврда почва, покрај патот; долетаа птици и го исколваа.

Марко 4