Марко 2:7-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. „Како смее да зборува вака!? Тој се прави Бог! Кој може да простува гревови освен Бог!?“

8. Во истиот момент, Исус ги проѕре нивните мисли и им рече: „Зошто ви идат такви зли мисли?

9. Што е полесно за Мене: да му речам на парализираниот дека му се простуваат гревовите или да му речам да стане, да си ја земе постелата и да си оди дома?

10. Но ќе ви докажам дека Јас, Синот Човечки, имам власт да простувам гревови на Земјава!“ Тогаш Исус му рече на парализираниот:

11. „Стани, земи си ја постелата и оди си дома!“

12. Пред очите на сите, човекот веднаш стана, си ја зеде постелата и излезе. Луѓето беа вчудовидени и Му оддаваа слава на Бога, велејќи: „Вакво нешто досега не сме виделе!“

Марко 2