Марко 2:25-28 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

25. Исус им одговори: „Зар не сте читале што направи Давид кога заедно со неговата дружина се најдоа во невола и огладнеа?

26. Тоа беше во времето на Првосвештеникот Евјатар. Давид влезе во Божјиот храм, и тој и неговата дружина јадеа од посветените лебови, од кои само свештениците смеат да јадат!“

27. Во заклучок, Исус им рече: „Саботата е создадена за човекот, а не човекот за саботата!

28. Затоа, Јас, Синот Човечки, Сум господар и на саботата.“

Марко 2