Марко 2:19-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

19. Исус им одговори: „Зар очекувате сватовите да постат за време на свадбата, додека младоженецот е со нив?

20. Ќе дојде време кога младоженецот ќе се оттргне од нив; тогаш тие ќе постат.

21. Не се крпи стара облека со нова крпа од непрано платно! Зашто, крпата од новото платно ќе се собере и ќе направи уште поголема дупка!

22. Не се става ново вино во стари кожни мешини! Новото вино ферментирајќи ќе ги пукне старите мешини! Тогаш и виното ќе истече и мешините ќе се уништат. Ново вино се става во нови мешини!“

23. Еден саботен ден Исус минуваше преку некои ниви, а Неговите ученици кинеа клавчиња.

Марко 2