Марко 16:13-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

13. Кога овие двајца им раскажаа за ова на другите, тие не им поверуваа.

14. Потоа Исус им се покажа и на единаесеттемина Свои ученици, додека тие вечераа заедно. Тогаш ги укори поради нивното неверство и закоравеност на срцата, зашто не им веруваа на оние што Го беа виделе по Неговото воскресение.

15. Потоа им рече: “Одете по целиот свет и проповедајте им ја Радосната вест на сите луѓе!

16. Секој што ќе поверува и ќе се крсти - ќе биде спасен. А секој што ќе одбие да поверува - ќе биде осуден.

Марко 16