Марко 14:47-51 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

47. Еден од присутните извлече нож и замавнувајќи му го отсече увото на слугата на Првосвештеникот.

48. А Исус им рече: „Што сте излегле против Мене со мечеви и со стапови?

49. Секојдневно седев со вас во храмот и поучував, ама не Ме уапсивте. Но мора да се исполнат запишаните претскажувања за Мене.“

50. Тогаш сите ученици на Исус се разбегаа и Го напуштија.

51. По Него одеше само едно момче наметнато со платно на голото тело.

Марко 14