Марко 14:20-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

20. Исус им одговори: „Ќе биде еден од вас дванаесеттемина што мака од иста чинија со Мене!

21. Јас, Синот Човечки, ќе умрам, како што е претскажано за Мене. Но тешко си му на човекот што ќе Ме предаде Мене, Синот Човечки! За тој човек, подобро ќе беше воопшто да не се родеше!“

22. За време на вечерата, Исус зеде леб, го благослови, го раскрши на парчиња и им го подаде на учениците, велејќи: „Земете, ова го претставува Моето тело.“

23. Потоа зеде чаша со вино, го благослови и им го подаде на учениците. Сите пиеја од него.

Марко 14