Марко 14:15-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

15. Домаќинот ќе ви покаже една голема соба, на горниот кат, послана и подготвена. Пригответе ја вечерата таму.“

16. Двајцата ученици отидоа во градот и најдоа сe онака како што им беше рекол Исус. Таму ја приготвија пасхалната вечера.

17. Вечерта, пристигна Исус со дванаесеттемина Свои ученици.

18. За време на вечерата, Исус им рече: „Еден од вас што вечера со Мене, ќе Ме предаде.“

19. Тоа ги нажали учениците и тие почнаа еден по еден да Го прашуваат: „Да не мислиш дека тоа ќе бидам јас?“

Марко 14