28. Тогаш кај Исус дојде еден вероучител, кој ја слушаше претходната расправа. Согледувајќи дека Исус добро им одговори на садукеите, Го праша: „Која е најважната заповед во Божјиот Закон?“
29. Првата најважна заповед гласи: ,Слушајте Израелци: Вие имате само еден Господ и Бог!
30. Сакајте Го Господ, вашиот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сиот свој разум и со сета своја снага!‘
31. Втората заповед е слична на првата, и гласи: ,Сакај го својот ближен како самиот себе!‘ Други заповеди, поважни од овие, нема.
32. Вероучителот рече: „Добро, Учителе. Право кажа дека има само еден Бог.
33. Да се сака Бог со сето срце, разум и снага и да се сака ближниот како самиот себе е повредно од секаков вид жртва!“
34. Кога Исус виде дека човекот даде умен одговор, му рече: „Не си далеку од Божјото царство!“ По ова, на Исус никој повеќе не се осмели да му поставува прашања.