Марко 11:27-31 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

27. Исус и Неговите ученици повторно дојдоа во Ерусалим. Додека Исус шеташе по храмот, Му пристапија свештеничките поглавари, вероучителите и старешините

28. и Го прашаа: „Со какво право го вршиш сето ова? Кој те овластил?“

29. Исус им одговори: „И Јас сакам нешто да ве прашам. Ако вие ми одговорите, тогаш и Јас ќе ви кажам кој Ме овластил да го правам сето ова.

30. Кажете ми, од каде му беше овластувањето на Јован Крстител да крштава: од Бога или од луѓето?“

31. Тие почнаа меѓу себе да си шепотат вака: Ако речеме „од Бога“, тогаш ќе ни рече: „Ами, зошто не му поверувавте!?“

Марко 11