Лука 8:7-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. Трет дел од семето падна меѓу трње. Кога пораснаа трњето - ги задушија стебленцата.

8. Конечно, дел од семето падна на плодна почва, изникна и донесе стократен плод.“ По ова, Исус гласно заклучи: „Ако имате уши, слушајте внимателно!“

9. Учениците Го прашаа Исуса за значењето на оваа споредба,

10. а Тој им рече: „Вам ви е дадено да ги запознаете тајните на Божјото царство, а на другите им се кажува преку споредби, за да гледаат, но да не видат, да слушаат, но да не разберат.“

11. „А еве што значи споредбата: семето е Божјата порака.

Лука 8