Лука 7:11-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

11. Набргу потоа, Исус отиде во градот Наин. Заедно со Него беа Неговите ученици и многуброен народ.

12. Штом се приближи до градските порти, пресретна погребна поворка; беше починал синот-единец на една вдовица. Во поворката имаше многу луѓе од градот.

13. Кога Господ ја забележа вдовицата, се сожали, и и рече: „Не плачи!“

14. Потоа пријде до ковчегот и го допре. Луѓето што го носеа, застанаа, а Исус рече: „Момче, ти заповедам да станеш!“

15. Покојникот стана и почна да зборува, а Исус и го предаде на мајката.

16. Страв ги обзеде сите и Му оддаваа слава на Бог, велејќи: „Голем пророк се појави меѓу нас! Бог дојде за да го спаси Својот народ!“

17. Оваа вест за Исус се разнесе по цела Јудеја и по целата околина.

18. За сето ова што го правеше Исус, Јован Крстител беше известен од своите ученици.

Лука 7