Лука 3:21-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

21. Еден ден, по крштавањето на сиот народ, се крсти и Исус. И додека Тој се молеше, се отвори небото,

22. и Светиот Дух слезе во телесен облик, како гулаб. Се чу и глас од небото, кој рече: „Ти Си Мојот Син - Мојот Љубимец, со Кого наполно Сум задоволен!“

23. Исус имаше околу триесет години кога го започна Своето јавно дејствување. Според мислењето на луѓето, Исус беше син на Јосиф, кој, пак, беше син Хелиев,

24. потомок Мататов, Левиев, Малкиев, Јанаев, Јосифов,

25. Матитиев, Амоцов, Наумов, Хеслиев, Нагаев,

Лука 3