Лука 23:49-52 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

49. Сите што Го познаваа Исуса, меѓу кои и жените кои Го следеа уште од Галилеја, стоеја подалеку и гледаа.

50. Таму имаше и еден човек, по име Јосиф, кој беше од јудејскиот град Ариматеја и беше член на Врховниот совет. Тој беше добар и праведен човек,

51. и не се сложуваше со овие одлуки и постапки, зашто и самиот го очекуваше Божјото царство.

52. Тој отиде кај Пилат и го побара телото на Исус.

Лука 23