Лука 23:13-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

13. Пилат ги повика свештеничките поглавари, членовите на Врховниот совет и народот,

14. и им рече: „Вие ми го доведовте овој човек под обвинение дека го поттикнува народот на одметништво. Еве, јас Го испрашав пред вас и не утврдив никаква вина кај Него од она за што вие Го обвинувате,

15. ниту пак Ирод најде некаква вина кај овој човек и затоа Го врати назад кај мене. Овој човек не сторил ништо со што би заслужил смртна казна.

16. Предлагам да Го предадам на камшикување и да Го пуштам.“

17. (Секоја година, по повод празникот Пасха, Пилат им ослободуваше по еден затвореник.)

Лука 23