Лука 20:39-43 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

39. На ова, некои од вероучителите Му рекоа: ,Добро им одговори, Учителе!‘

40. И повеќе не се осмелија да Му поставуваат никакви прашања.

41. Исус ги запраша: „Како може да се смета дека Месијата е потомок на Давид?

42. Не вели ли самиот Давид, во книгата на Псалмите, вака: ,Јахве Му рече на Мојот Господ: седни од Мојата десна страна,

43. додека не ги соборам Твоите непријатели под нозете Твои!‘

Лука 20