Лука 20:29-35 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

29. Си беа седуммина браќа. Најстариот се ожени и умре без да има деца.

30. Тогаш вториот по возраст брат ја зеде жената,

31. а по него и третиот, и така по ред - до седмиот. Сите тие умреа не оставајќи пород зад себе.

32. На крајот умре и жената.

33. Сега, чија жена ќе биде таа по воскресението, со оглед на тоа што им била жена на сите седуммина?“

34. Исус им одговори: „На овој свет мажите и жените стапуваат во брак,

35. додека оние што ќе бидат достојни за оној свет и за воскресението, ниту ќе бидат женети, ниту мажени.

Лука 20