1. Еден ден, додека Исус го поучуваше народот во храмот и му ја проповедаше Радосната вест, Му пријдоа свештенички поглавари, вероучители и старешини
2. и Го прашаа: „Со какво право го вршиш ова? Кој Те овластил?“
3. А Тој им одговори:
4. „Да ве прашам и Јас нешто. Кажете ми, од каде го доби Јован Крстител правото да крштава: од Бога или од луѓето?“
5. Тие почнаа меѓу себе да разговараат, прашувајќи се: „Ако кажеме дека го доби од Бога, ќе ни рече: ,Тогаш, зошто не му поверувавте!?‘
6. Ако пак кажеме дека го доби од луѓето, сиот овој народ ќе нe каменува, зашто е уверен дека Јован беше пророк!“
7. Затоа, Му одговорија дека не знаат.
8. Тогаш Исус им рече: „Ни Јас нема да ви кажам кој Ми го даде правото да го правам ова што го правам!“
9. Потоа Исус му ја кажа на народот следнава споредба: “Еден човек си насади лозје, им го даде под наем на лозарите и си замина од тој крај на подолго време.