Лука 19:38-42 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

38. „Благословен нека биде Царот, Кој доаѓа во името на Господ! Мир на небото и слава на Бог во височините!“

39. Тогаш, некои од фарисеите кои се најдоа меѓу народот, Му рекоа: „Учителе! Нареди им на Твоите ученици да замолкнат!“

40. Исус им одговори: „Да ви кажам нешто: Ако тие замолкнат, камењата ќе извикуваат!“

41. Кога Исус се приближи до Ерусалим и го виде пред Себе, заплака за него,

42. и рече: „Ех, кога би знаел ти денес што е потребно за да има мир во тебе! Но твоите очи сега не можат да го видат тоа.

Лука 19