Лука 16:19-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

19. „Си беше еднаш еден многу богат човек, кој се облекуваше во скапоцена и модерна облека, секој ден се гоштаваше и живееше раскошно.

20. А имаше и еден сиромашен човек, по име Лазар, целиот во рани, кој просеше пред портите на богатиот,

21. копнеејќи да се прехрани од она што се фрлаше од трпезата на богатиот, таму, каде што и пците доаѓаа да му ги лижат раните.

Лука 16