10. Ве уверувам, дека, на сличен начин, Божјите ангели се веселат за еден грешник кој преку покајание се враќа кај Бог.“
11. Исус продолжи: „Еден човек имаше два сина.
12. Дојде кај него помладиот син и му рече: ,Татко, дај ми го мојот дел од имотот, сега!‘ И таткото им го раздели имотот.
13. По неколку дни помладиот син го продаде својот дел и замина со парите во далечна земја. Таму ги потроши сите пари, живеејќи во разврат.
14. Кога потроши сe што имаше, земјата ја зафати голем глад и тој се најде во немаштија.
15. Отиде како наемник кај еден тамошен човек, кој го прати в поле да му ги чува свињите.
16. Страден беше да си го наполни стомакот со желадите што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше.