Лука 15:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Голем број наплатувачи на данок и други отпадници доаѓаа да Го слушаат Исус.

2. А фарисеите и учителите по верски Закон почнаа да негодуваат, велејќи: „Овој човек се спријателува со отпадници, па и заедно со нив јаде!“

3. Тогаш Исус им ја кажа оваа споредба:

4. „Ако некој од вас има сто овци и една од нив се загуби во пустината, нема ли да ги остави деведесет и деветте и да тргне по загубената, сe додека не ја најде?

Лука 15