Лука 1:53-58 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

53. ги насити гладните со благо, а богатите ги испрати со празни раце.

54. Му дојде на помош на Својот слуга Израел, припомнувајќи си за милоста

55. што им ја вети на нашите предци, за Авраам и за неговото потомство, довека!“

56. Марија остана кај Елисавета околу три месеци, а потоа се врати дома.

57. Дојде време Елисавета да се породи и таа роди син.

58. Кога нејзините соседи и роднини видоа дека Господ покажа кон неа голема благонаклоност, заедно со неа се радуваа и тие.

Лука 1