Лука 1:49-55 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

49. зашто големи нешта направи Семоќниот за мене. Свето е Неговото Име,

50. и милосрдието Негово спрема оние што Го почитуваат продолжува од поколение во поколение.

51. Тој ја испружи Својата моќна рака и ги уништи оние што длабоко во себе се гордееја со своите мисли.

52. Ги симна од власт владетелите, а ги возвиши понизните,

53. ги насити гладните со благо, а богатите ги испрати со празни раце.

54. Му дојде на помош на Својот слуга Израел, припомнувајќи си за милоста

55. што им ја вети на нашите предци, за Авраам и за неговото потомство, довека!“

Лука 1