Колосјаните 2:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Сакам да знаете низ колкава агонија минувам заради вас, заради христијаните во Лаодикеја и заради сите други христијани што досега не ме имаат ни сретнато.

2. Целта ми е да ги охрабрам, сплотени во љубов целосно да ја разберат Божјата тајна, а тоа е Христос, за да сфатат какво богатство е човек да ја има таа сигурност.

3. Во Христос се кријат сите ризници на Божјата мудрост и знаење!

4. Ви го кажувам ова за да не дозволите никој да ве разубедува и да ве измами.

Колосјаните 2