Колосјаните 1:25-29 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

25. Бог ми даде задолжение да и служам на Црквата и ме испрати кај вас да ви ја проповедам Неговата порака, во сета нејзина полнота.

26. Со векови оваа порака беше тајна за луѓето, а сега таа им е објаснета на Неговите свети луѓе.

27. Бог го стори ова бидејќи сакаше вие што не сте Евреи да ја разберете таа прекрасна, величествена тајна: дека Христос живее во вас и заради тоа вие со право се надевате дека ќе имате свој удел во Божјата слава.

28. Ние токму за Христос проповедаме и ја употребуваме сета наша мудрост, за да ги предупредиме и поучиме сите луѓе, па сите да станат зрели Христови следбеници.

29. Затоа јас толку напорно работам, користејќи ја силата што Тој ми ја дава.

Колосјаните 1