Јован 8:55-59 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

55. а никогаш не сте Го познавале. Јас, пак, Го знам. Кога би рекол дека не Го знам, би бил лажливец како вас. Но Јас Го знам и го извршувам тоа што Тој ќе го каже.

56. Вашиот прататко Авраам се радуваше во очекувањето да го види денот на Моето доаѓање; тој го виде и беше пресреќен.“

57. „Како си можел да го видиш Авраам, кога немаш ни педесет години!?“ - Му рекоа еврејските верски водачи.

58. Исус им одговори: „Ве уверувам дека уште пред да се роди Авраам, ЈАС СУМ!“

59. Тогаш тие зедоа камења за да фрлаат по Него, но Исус се скри и го напушти храмот.

Јован 8